Адвокатите на Јанакиески бараат ослободителна пресуда: Делото за кое е обвинет Миле не е кривично дело
Одбраната на Миле Јанакиески, обвинет во случајот „Насилство во Центар” треба да биде ослободен од обвинение. Тоа на денешното рочиште во завршните зборови го побара неговиот адвокат Димитар Дангов.
Дангов побара ОЈО да го повлече обвинението пред судот да донесе ослободителна пресуда бидејќи делото за кое е обвинет Миле Јанакиески не е кривично дело според законот.
Во обвинителниот акт, според адвокатот нема ниту еден доказ за тоа дека Јанакиески сторил некакво кривично дело. Тој смета дека обвинителството со ниту еден свој чекор и постапка не докажало вина за обвинетиот негов клиент. Дангов рече ако тоа не го стори обвинителството, тогаш судот да донесе ослободителна или одбивателна пресуда.
Дангов нагласи дека иако судот не прифатил да го сослуша владиката Агатангел, неговата изјава дадена за медиумите била да не се урива црквата.
– Дали повикот на Агатангел требаше да содржи молби за одење во црква и со палење свеќи да се очекува да не се промени Деталниот урбанистички план со кој треба да се урне црквата во Центар – рече во својот завршен збор адвокатот Дангов.
Обвинети во предметот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер Миле Јанакиески, Даниела Рангелова, Борче Богдановски, Милан Андоновски, Александар Трајковски и уште неколкумина. Според обвинението, тие се товарат за поттикнување на насилството на протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.