Шестмесечно бебе скија на вода: Видео кое масовно се шири предизвика различни реакции (ВИДЕО)
Рич Кејси Хамфрис има само шест месеци и четири дена и веќе го собори светскиот рекорд: овој месец тој стана најмладата личност во светот што скија на вода.
Снимката од шестмесечно бебе од САД како скија на вода предизвика различни реакции на социјалните мрежи.
Рич Кејси Хамфрис има само шест месеци и четири дена и веќе го собори светскиот рекорд: овој месец тој стана најмладата личност во светот што скија на вода.
Него го одведоа на скијање неговите родители Кејси и Минди од Јута, а видеото го споделија на Инстаграм.
View this post on Instagram
Worlds youngest water skier!! #worldrecord 6 months 4 days old @richcaseyhumpherys
Објавата собра повеќе од 56.000 лајкови, а многумина беа воодушевени од постигнувањето на детето.
Сепак, имаше и такви кои сметаа дека овој потфат го загрозува Ричи, велејќи дека родителите не размислувале за здравјето на момчето.
– Вие сте авантуристичко семејство, но ова не е правилно. Толку многу работи можеа да тргнат наопаку – напиша една личност.
View this post on Instagram
I went water skiing for my 6 month birthday. Apparently that’s a big deal… #worldrecord
На видеото се гледа како малиот Ричи стои на скии, додека неговиот татко стои покрај него во чамецот, анимирајќи го цело време.
Иако се чини дека на детето не му е јасно што прави, тој во ниту еден момент не беше исплашен или плачеше.