Германија ги предупредува граѓаните да не патуваат во 11 европски земји

991

Германија стави поголем број региони од 11 европски земји на списокот на ризични области за патување поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус и ги предупреди своите граѓани да не патуваат во нив.

Нови на денеска објавениот список се неколку региони од Чешка, Франција и Португалија, пренесуваат британските медиуми.






Според германското Министерство за надворешни работи, германските граѓани се предупредуваат да не патуваат во Чешка, освен во регионите на Устечки и Моравија-Шлезија, во француските региони на Централната долина на Лоара, Бретања и Нормандија и поширокиот регион на португалска престолнина Лисабон.

Германија предупредува на опасноста од патување во областите каде бројот на заболени неделно надминува 50 на 100.000 жители.

Големи делови на Франција, вклучително и Париз, се ставени на списокот на области што треба да се одбегнуваат за патување

Поврзани содржини