200.000 починати од ковид-19 во САД

Коронавирусот сега е трета водечка причина за смртност во САД по рак и срцеви заболувања, соопштија од Центарот за контрола на болести.

344

Бројот на починати од ковид-19 во Америка денеска надмина 200.000. што се покажа како кратка проценка објавена на 30 март од д-р Дебора Биркс, координатор на работната група во Белата куќа.

Координаторот на Белата куќа предвиде 200.000 мртви на крајот на март.






– Ако сториме сé што е скоро совршено, можеме да зборуваме за бројка од 100 до 200 илјади смртни случаи – изјави д-р Биркс за NBC во март.

– Па, не сакаме да го видиме тоа – додаде таа.

– Најдоброто сценарио би било ако 100 отсто од Американците го сторат тоа што се бара од нив – рече Бирк.

Денес, предвидувањата на др. Биркс се остварија, според NBC News.

Поранешниот лидер на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), др. Том Фриден вели дека не морало да биде така.

– Десетици илјади луѓе во Америка немаше да умрат ако американскиот одговор на пандемијата беше поефикасен – рече Фриден.

Мајкл Остерхолм, раководител на Центарот за инфективни болести на Универзитетот во Минесота, вели дека прогнозата на др. Биркс беше „многу отрезнувачка“ во март.

Тогаш на Америка и беше потребно, вели Остерхолм, да развие и спроведе план за запирање или барем забавување на ширењето на вирусот.

Коронавирусот сега е трета водечка причина за смртност во САД по рак и срцеви заболувања, соопштија од Центарот за контрола на болести. Бројот на заразени лица во домовите за стари лица драстично се зголеми, а некои факултети, кои започнаа да предаваат во живо, се предомислија.

Поврзани содржини