„Јанос“ прави хаос на грчките острови ВИДЕО

884

Грчката национална метеоролошка опсерваторија издаде итно предупредување за делови од Грција погодени од реткиот феномен медитерански ураган, „медиган“. Метеоролозите очекуваат дека состојбата наскоро нема да се смири.

Со ветер со брзина од 200 километри на час и обилен дожд, делови од некои острови кај западниот брег на Грција останаа и без електрична енергија. Некои патишта се поплавени, бротчињата се потонати, а ветерот со ураганска сила рушеше и дрвја и столбови.






Фото: ЕPA

Бурата „Јанос“, која го погоди полуостровот Пелопонез, се чини поблага од очекуваното, соопштија метеоролозите, а невремето може да ја погоди и централна Грција, каде се очекуваат обилни дождови.

Се очекува нов бран на невреме да го погоди регионот Атика вечерва, како резултат на силниот медитерански циклон, кој Грците го нарекоа „Јанос“, и кој веќе ги зафати грчките брегови.

Поврзани содржини