Осумгодишно дете починало на пат кон болница, соселанец ѝ го обљубил синот тинејџер

4,529

ЈА НАПАДНАЛ НА ПЛОШТАД На 17.09.2020 во 21.40 часот во СВР Скопје, М.Д.(32) од Скопје пријавила дека на плоштадот „Македонија“ била физички нападната од З.С. (56) од Скопје.
Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 6 и член 12 од Законот за прекршоцит против јавниот ред и мир.

ПРОНАЈДЕНА МАЛОЛЕТНИЧКА На 17.09.2020 околу 22.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на улицата Петре Георгиев ја пронашле С.Ќ.(16) од Скопје, за која на 08.09.2020 беше пријавено дека се оддалечила од својот дом. Таа била предадена на родителот М.Ќ..






НЕПОЗНАТ Ѝ ГИ НАТЕПАЛ ДЕЦАТА На 17.09.2020 во 19.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.И.(44) од Скопје пријавила дека околу 19.20 часот на улицата Лука Геров нејзините две деца биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ЗАЛУТАН КУРШУМ МУ ГО СКРШИЛ СТАКЛОТО ОД КАМИОНОТ На 17.09.2020 во 09.40 часот во СВР Скопје, Ф.Е.(32) од Селото Семениште, Скопско, пријавил дека во период од 17.00 часот на 16.09.2020 до 08.00 часот на 17.09.2020 од залутано зрно од огнено оружје било скршено стакло од товарно возило „фиат“, паркирано во неговиот двор. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

СОСЕЛАНЕЦ Ѝ ГО ОБЉУБИЛ СИНОТ На 17.09.2020 во 17.54 часот во СВР Струмица, жена од струмичко село пријавила дека 16-годишник од истото село извршил обљуба врз нејзиниот малолетен син. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ПОЧИНАТО ДЕТЕ ДОНЕСЕНО ВО БОЛНИЦА На 17.09.2020 во 05.15 часот во СВР Куманово, од Градската болница Куманово било пријавено дека кај нив за реанимација бил донесен починат осумгодишник од Крива Паланка без видливи траги на насилство. Според пријавеното, детето починало по пат во возило на Итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Поврзани содржини