Осум лица починаа, а 144 се новозаболени од ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 1.545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 27, Куманово 11, Дебар 3, Штип 5, Прилеп 13, Тетово 13, Велес 4, Битола 5, Охрид 2, Кавадарци 1, Гостивар 8, Гевгелија 2, Струмица 15, Крива Паланка 1, Радовиш 8, Крушево 2, Кочани 13, Македонски Брод 1, Берово 2, Виница 1, Делчево 3, Кичево 2, Ресен 2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти.
Починати се 8 лица, еден пациент од Куманово (48), еден од Штип (65), двајца пациенти од Прилеп (62 и 83), еден од Тетово (69), еден од Струмица (39), еден од Виница (63) и еден пациент од Кичево (56).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.417, бројката на оздравени пациенти е 13.732, на починати е 683, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.002. Денеска се регистрира еден контролен од вчерашните тестови, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 6.488, активни 567
Куманово 1.655, активни 192
Дебар 275, активни 40
Штип 1.227, активни 74
Прилеп 594, активни 123
Тетово 1.348, активни 144
Струга 639, активни 64
Велес 300, активни 27
Битола 264, активни 58
Охрид 401, активни 48
Кавадарци 212, активни 36
Гостивар 890, активни 101
Гевгелија 99, активни 57 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
Струмица 157, активни 90
Крива Паланка 91, активни 37
Радовиш 64, активни 18
Крушево 20, активни 3
Кочани 233, активни 85
Пробиштип 99, активни 19
Демир Хисар 61, активни 2
Македонски Брод 88, активни 9
Пехчево 42, активни 21
Берово 76, активни 20
Валандово 14, активни 5
Виница 97, активни 27
Делчево 141, активни 73 (29 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 24, активни 4
Свети Николе 312, активни 17
Кичево 299, активни 28
Ресен 158, активни 11
Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.545 теста се преку: ИЈЗ 460, ЦЈЗ Скопје 56, Авицена 286, Биотек 136, МАНУ 106, Клиника „Жан Митрев“ 230, Систина со PCR метода 142, лабораторија Лаор 46, Судска медицина 13, ЦЈЗ Битола 49, Инфективна клиника 2, ГАК 10, Синлаб 9, лаборатории од странство 0. Досега во земјата се направени вкупно 172.700 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се двајца, а вкупно хоспитализирани се 32 пациенти. На респираторна машина е еден пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 152, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 57
Гази Баба – 73
Аеродром – 84
Карпош – 73
Центар – 76
Кисела Вода – 55
Ѓорче Петров – 28
Бутел – 32
Шуто Оризари – 15
Студеничани – 9
Сарај – 18
Арачиново – 9
Илинден – 14
Сопиште – 3
Чучер Сандево – 4
Петровец – 7
Зелениково – 2
Странец – 6
Нераспределен-2