Американците смислиле нов начин како да ги разбиваат демонстрантите доколку има потреба од нешто такво, истакнал свиркач од војската на САД, кој тврди дека на 1 јуни годинава била разгледувана можноста за употреба на новото оружје против демонстрантите пред Белата куќа.
Како што истакнал тој, станува збор за нов систем кој испукува топлински зраци кон толпата народ.
Како точно оперира овој систем не е познато, а јасно е дека кај луѓето предизвикува чувство на нагла топлина. Станува збор за силен сноп енергија кој се насочува кон метата.
За истата оваа работа се зборуваше и пред 5 години, а тогаш излезе и видео за истото тоа оружје. Погледнете за што станува збор: