Стоилковски: Рускоска врши притисок на медиуми наместо да се позанимава со криминалот на Заев и СДСМ

Портапролот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека сомневањето на Јавното обвинителство за организиран криминал во ти фирми кои отвориле наменски портали е чист случај на притисок и заплашување од партиското обвинителство на СДСМ против медиумите.

418

Вистината е дека сето рекламирање на партијата ВМРО ДПМНЕ е транспарентно и законски.
И се чудиме, како и зошто Вилма Рускоска експресно реагира на повикот на СДСМ , а не реагира на очигледен криминал од СДСМ, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ  Наум Стоилковски откако  обвинителството одзете документи на три фирми кои отвориле портали за политичко рекламирање.

– Пред цел месец реагиравме и обзнанивме дека на СДСМ во извештајот и недостасуваат стотици илјади евра за рекламирање.Да потсетам во текот на кампањата излезе анализа од експерти низ медиумите дека СДСМ дневно троши на социјалните мрежи за рекламирање околу 27 илјади евра на ден што пак во текот на кампањата достигнува цифра од над половина милион евра за реклами само за на социјалните мрежи.Во извештајот на СДСМ ги нема реално потрошените десетици илјади евра дневно, за  рекламирање на социјални медиуми, СДСМ не ги пријавува а СДСМ прикажува само 17 илјади евра потрошени за таа намена за цела кампања и нема истрага Рускоска не реагира ! – рече Стоилковски.






Според него, ова што сега се случувасо медиумите е чист случај на притисок и заплашување од партиското обвинителство на СДСМ против медиумите.

– Ова е притисок врз медиумите кои што известуваа и ги пренесуваа протестите на опозицијата и уште пострашно, се критички настроените медиуми против власта, што се наведува и во извештајот на Стејт департментот.Ова е класичен удар врз медиумите- рече Стоилковски.

Тој апелираше до АВМУ, како и до еснафските здруженија ЗНМ, МАН, Синдикатот на новинарите да го осудат овој напад врз медиумите и да го спречат натамошното девастирање и оддалечување на Македонија од демократските вредности.

Стоилковски праша зошто Рускоска не реагирала на скандалот со површината на  ШИК „Јелак“ каде што треба да се градат станови.

–  Се чудиме како и зошто Вилма Рускоска не реагираше и сѐ уште не реагира за скандалот, за очигледниот поткуп, за корупцијата, за врските на СДСМ и Зоран Заев со Миодраг ДАКА, за што беше објавен и снимен разговор; Рускоска не реагира ниту сега кога тоа што го посочува ДАКА се реализира во Тетово за скандалот со Шик Јелак. Шик Јелак се случува пред очи ама за тоа нема реакција од Вилма Рускоска.Рускоска не реагира за ниеден скандал, отворен посочен сомнеж во јавноста, или по поднесоци од опозицијата за можен криминал во или поврзан со СДСМ – рече Стоилковски.

Поврзани содржини