Свршеницата на фудбалерот Кристијано Роналдо (35), Гeoргина Родригез (26), на Инстаграм се пофали со модното снимање. Таа сигурно не ни помислила дека нејзините обожаватели ќе гледаат во нешто друго освен во нејзините облини. Но, сосема друга работи го привклекло нивното внимание.
Позирајќи во бикини, додека ја шминаат, Георгина напишала дека тоа ѝ е „работен ден“, но најголемото внимание не го украде бујното деколте, туку левото стапало. Се чини дека манекенката претерала додека ја фотошопирала и средувала фотографијата, па не обрнала внимание на тоа дека го издолжила стапалото до таа мера, што го направило џиновско.
„Погледни го стапалото. Премногу Фотошоп“, ѝ напиша еден следбеник, а другиот се согласи со тој коментар па додаде:
„Помалку уредување следниот пат.“
ФОТО: Instagram