Џенифер Лопез и Мајкл Б. Џордан во новите реклами на „Коуч“
Новата кампања на „Коуч“ има за цел да го сочува споменот за починатиот њујоршки сликар Жан-Мишел Баскијат.
Латиноамериканската пејачка и глумица, Џенифер Лопез, уште еднаш се најде во улогата на заштитно лице на брендот за чанти и други модни додатоци – „Коуч“.
Поп-дивата се појавува во новите реклами заедно со познатиот американски глумец Мајкл Б. Џордан, натаму – Дијана Гордон, Палома Елсесер, Ќема Мекентајр, Џесика Кели и Џон Батист.

Новата кампања на „Коуч“ има за цел да го сочува споменот за починатиот њујоршки сликар Жан-Мишел Баскијат.
Џеј Ло соработува со овој бренд уште од првите години на овој милениум.