Пратениците конечно ќе се фатат за работа, постигнат е договор за комисиите

1,369

Пратениците конечно постигнаа договор за распределба на собраниските комисии. Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески по средба со останатите координатори на пратеничките групи го потврди договорот. Со ова Собранието конечно ќе може да почне со работа.

Митрески посочи дека предлогот за собраниските тела веќе е доставен до Собранието и се очекува наскоро да биде закажана комисијата за избори и менувања а и пленарна седница. Можно е веќе утре да заседава собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата и на која на дневен ред ќе биде составот на парламентарните комисии.






Пратениците од СДСМ ќе претседаваат со осум собраниски комисии, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ исто така со осум, ДУИ со три вклучувајќи ја и Комисијата за уставни прашања, со која претседава претседателот на Собранието, пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе претседаваат со две комисии, а Беса со една.

Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ го потврдува договорот потенцирајќи дека неговата пратеничка група ќе претседателствува со истите осум комисии како и минатиот состав. Вели дека пратениците од опозициската партија ќе учествуваат на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и на пленарната седница на која треба да биде потврден составот на комисиите.

Собранието иако конституирано не можеше да ја започне својата работа по законските текстови бидејќи парламентарните партии не можеа да постигнат договор за претседавањето со парламентарните комисии. Исто така, еден од пратениците на ДУИ е болен од ковид-19, па така во одредени ситуации може да биде доведено во прашање и мнозинството во Парламентот.

Поврзани содржини