Мицкоски со три барања од власта на протестот против поскапувањето на струјата

Ќе нè има насекаде низ цела Македонија, нема назад, нема повлекување. Народот е заситен и не може веќе да трпи, затоа излегува на улица - порача Мицкоски.

1,102

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, говорејќи на денешниот протест против поскапувањето на струјата, упати три барања до Владата, и порача дека сака да добие одговор во наредните денови.

– Прво барање е враќање на старата цена на стујата преку намалување на тарифата на универзалниот снабдувач. Второ барање е викенд без ДДВ во септември како што беше ветено пред изборите. Tрето барање е професионализација на регулаторната комисија за енергетика со надпартиски кадри – истакна Мицкоски.






Тој во говорот одговори и за прозивките од портпаролите на СДСМ за тоа кој ги плаќа овие протести.

– Ова е честит народ кој веќе не може да ги трпи неправдите и затоа излезе на улица – објасни Мицкоски.

Мицкоски порача дека протестите ќе продолжат сè додека, како што рече, мафијата на власт не биде детронизирана.

– Ќе нè има насекаде низ цела Македонија, нема назад, нема повлекување. Народот е заситен и не може веќе да трпи, затоа излегува на улица – порача Мицкоски.

Поврзани содржини