Пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски, денеска преку соопштение до јавноста демантира дека ја напуштил пратеничката група на ДУИ и дека е независен пратеник.
„Дозволете да ве информирам дека јас, Исмаил Јахоски, избран како пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од листата на ДУИ, во ниту еден момент не сум ја напушти парламентарната група, ниту, пак суштински сум се оддалечил од изборната политичка агенда на ДУИ.
Фактот што на веб-страницата на Собранието сум ставен како независен пратеник
претставува техничка грешка, која соодветно ќе биде исправена во
најскора прилика“, вели Јахоски.