Ангеловски: Грузија има добра селекција, па нè чека тежок меч

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток во 18 часот го игра натпреварот со Грузија на гостински терен.

217

Репрезентацијата на Македонија од денеска се наоѓа во Тбилиси, каде утре од 18:00 часот против Груција го игра вториот натпревар од новото издание на Лига на Нации.

Пред вечерашниот тренинг, селекторот Игор Ангеловски дека нема топ фаворит во групата и дека очекува интересен натпревар.






Тој додаде дека очекува токму со Грузија да се сретнеме во финалето на плејофот на Лига на Нации.

– Нè чека тежок меч, бидејќи Грузија има добра селекција. Не можам детално да зборувам за планот на утрешниот натпревар, но секогаш ја подготвувам екипата за да можеме да играме најдобро. Ќе се обидеме да покажеме добар фудбал. Би сакал тука да дојдеме повторно во ноември и да играме во финалето на плејофот за пласман на ЕП 2020. Сепак, сега сме фокусирани на утрешниот дуел, рече Ангеловски на пресот.

Поврзани содржини