Кога не може од воздух, сега Градот ќе ги напаѓа комарците од земја
Градските власти ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Од Град Скопје ги известуваат граѓаните дека терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне на 31.08.2020 година (понеделник) и ќе заврши најдоцна до 04.09.2020 година (петок), а ќе се врши во периодот од 9 до 3 часот, наредниот ден.
– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин – се вели во соопштението.
Градските власти ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.