Американското воздухопловство го претстави својот прототип на летечки автомобил. Електричното возило со вертикално полетување и слетување именувано е Хекса, поради хескааголната форма која ја прават моторите над пилотската кабина, а пробниот лет е направен пред неколку дена во Тексас.
Компанијата која го дизајнирала и произвела, LIFT Aircraft, на моделот работела неколку месеци за да го забрза комерцијалниот пазар за напредни воздухопловно мобилни возила.
Од таму истакнуваат дека во зависност од конфигурацијата, возилото може и да плови на вода, а верувале или не Хекса се управува со помош на џојстик, а да здугото е задолжен автопилот.