Полицаец добил ќотек, избоден затвотеник во Идризово, тетовец си градел без дозвола

1,550

ДЕБРАНИ ИСТЕПАЛЕ ПОЛИЦАЕЦ – ОВР Дебар поднесе кривична пријава против У.Ј.(55) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и против Е.Ј.(18) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 05.08.2020 на ул.„Братство Единство“ во Дебар, второпријавениот започнал вербална расправија со полициски службеници кои вршеле контрола во сообраќајот. По кратко време, во расправијата се вклучил и У.Ј., а подоцна и физички ги нападнал.

ВОЗЕЛ СО ТАБЛИЧКИ ОД ДРУГО ВОЗИЛО – На 21.08.2020 во 15.20 часот на ул.„Никола Карев“ во Валандово, полициски службеници запреле патничко возило „југо скала“, со велешки регистарски ознаки, управувано од В.К.(49) од с.Раброво. При увид и контрола на сообраќајната дозвола било констатирано дека табличките припаѓаат на друго возило, „застава 101“. За настанот бил известен Јавен обвинител, а возилото било одземено за понатамошна постапка.






ИЗБОДЕН ЗАТВОРЕНИК – На 21.08.2020 во 18.20 часот во Казнено-поправната установа Идризово, Џ.Б.(20) од с.Теарце, тетовско, осуденик во установата, пријавил дека околу 14.50 часот во кругот на КПУ Идризово, друг осуденик Е.А. физички го нападнал и му нанел повреди со остар предмет. Според пријавеното, на Е.А. му помогнал А.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОДЗЕМЕНА МАРИХУАНА ОД ОХРИЃАНЕЦ – СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.П.(28) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 25.12.2018 на ул.„Кеј Македонија“ во Охрид, од полициски службеници, при извршен преглед на пријавениот, била пронајдена и одземена марихуана.

ТЕТОВЕЦ БЕЗ ДОЗВОЛА СИ ГРАДЕЛ ДОГРАДБА – СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Ќ.(34) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Пријавениот, во текот на 2020, во својство на инвеститор на ул. „Иво Лола Рибар“ во Тетово, на катастарска парцела која гласи на име на Република Северна Македонија изведувал градежни работи – доградба на постоечки објект, без одобрение за градба издадено од надлежен орган.

 

 

Поврзани содржини