Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Илинден не застана зад градоначалникот Жика Стојановски, кој, заедно со други партиски членови и некогашни функционери, побрара вонреден конгрес за избор на ново партиско раководство.
– Општинскиот комитет Илинден на ВМРО ДПМНЕ во целост се оградува од постапките и делувањата на Жика Стојановски. Сметаме дека истите се водени од личен интерес и се во спротивност со политиките на партијата и комитетот. Во таа насока истакнуваме дека не подржуваме вакви активности и постапки кои се во спротивност со статутот на партијата и истите ги осудуваме – велат од општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ од Илинден.
Од Комитетот велат дека работат и функционираат согласно статут, деловник, програмски документи, како и донесените одлуки и утврдените политики од страна на органите на партијата.