Топаловски ја промени изјавата: Усеини не ме удри, ми се причинило, а оружје не видов

Топалоски во писмен допис испратен преку адвокатот вели дека немилиот настан имал поинаков тек од веќе објавениот и појаснет во претходната изјава.

11,547

Охриѓанецот Спирко Топалоски. кој пред  четири дена го обвини советникот Нефи Усеини и неговиот брат  дека го нападнале и му се заканувале со пиштол за што од Судот добија мерка притвор од 8 дена, денеска преку својот адвокат ја измени изјавата .

 

Топалоски во писмен допис испратен преку адвокатот вели дека немилиот настан имал поинаков тек од веќе објавениот и појаснет во претходната изјава.






„Јас Спирко Топалоски сега во добра здравствена состојба, сакам да ги демантирам написите кои деновиве  излегоја во јавноста, надвор од контекст  и надвор од се што се случи критичниот ден. Од еден немил настан и расправија, која произлезе најверојатно од политички причини односно од структури замене непознати со цел да се дискредитира неговото име и да се наруши нашето пријателство се направи филм.  Додека јас и Нефи разговаравме, добив удар од задната страна и од стресот што го добив, особено и поради тоа што мојот син беше присутен добив погрешен впечаток за се. Да бидам искрен оружје не видов, но во целата таа паника што настана се стекнав со таков впечаток како да има пиштол, а всушност немаше. Сакам да потенцирам дека се работи само за едно недоразбирање, кое е надминато. Нефи бил и ќе биде мој пријател. Би ја замолил јавноста и медиумите да се занимаваат со други поважни, а не вакви исконструирани настани“, се вели во денешната изјава која до медиумите Топалоски.

 

Поврзани содржини