Бебе старо две недели е најмладиот пациент со ковид-19 во Македонија
По првата помош што му била дадена на детска хирургија, детето било примено на Клиниката за детски болести.
Бебе старо две недели со ковид-19 пред еден месец било примено во болница во исклучително тешка здравствена состојба, но не поради коронавирусот, туку поради компликации што ги добило по обрежување, пренесе Канал 5.
По првата помош што му била дадена на детска хирургија, детето било примено на Клиниката за детски болести. Откако се стабилизирало, заминало во ковид центарот во Козле и денеска е во добра здравствена состојба.