Тортевски: Македонија не смее да дозволи да се повтори ТАТ

2,056

Македонија не смее да дозволи да се повтори уште еден ТАТ, Експорт-Импорт Банка, Радо Банка, каде што илјадници луѓе ги изгубија своите средства, а виновниците за нивното пропаѓање од сето тоа излегоа уште побогати и некои удобно живеат во странство, порачува Твоја партија, која ја застапува адвокатот Александар Тортевски.

Од партијата бараат најенергична акција на сите државни институции во насока на откривање на вистинските причини за пропаст на Еуросандард банка.






– Сметаме дека Јавното Обвинителство, Финанасиска полиција, Агенција за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи, и Народна Банка не смеат да чекаат ниту една минута и мора веднаш да го замрзнат имотот на сите лица на одговорни позиции во банката, како и на капитално и персонално поврзаните друштва и основачите на банката.Ова од причина што не смее да се дозволи виновниците за пропаст на банката да излезат уште побогати од овој скандал наспроти повеќе стотици граѓани и фирми кои ќе го загубат својот чесно стекнат капитал- порачува Твоја партија.

 

Поврзани содржини