НАСА забележа чудна аномалија над Земјата – им прави проблеми на вселенските летала

Проблем претставува тоа што кога леталата ќе поминат низ аномалијата може да се случи дефект на нивните технолошки системи во случај да бидат погодени од високоенергетски протони.

1,828

НАСА активно набљудува една чудна аномалија во амгнетното поле над Земјата, а како што истакнуваат научниците, станува збор за огромно подрачје со понизок магнетен интензитет на небото помеѓу Јужна Америка и југозападна Африка.

Овој феномен е наречен Јужноатлантска аномалија, објаснуваат научниците, а сателитите се посебно чувствителни на намалената сила на магнетното поле во аномалијата, бидејќи поради тоа повеќе се изложени на честички од Сонцето, пренесува „Science Alert“.






Научниците додаваат дека оваа аномалија генерално не влијае врз животот на Земјата, но сепак, има ефект врз орбитите на вселенските летала, вклучувајќи ја и орбитата на Меѓународната вселенска станица.

Проблем претставува тоа што кога леталата ќе поминат низ аномалијата може да се случи дефект на нивните технолошки системи во случај да бидат погодени од високоенергетски протони, а како што пишува магазинот, примарниот извор на аномалијата е вртлог на стопено железо во јадрото на Земјата, па движењето на таа вжарена маса создава електрични струи кои на Земјата предизвикуваат магнетно поле.

Поврзани содржини