Заев и Ахмети пристигнаа во Клубот на пратениците, состанокот започна (ВИДЕО)
Заев и Ахмети се придружувани од генералните секретари на партиите, Љупчо Николовски и Артан Груби.
Лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети попладнево пристигнаа во Клубот на пратениците каде што треба да одржат средба од која се очекува конечен договор за формирање владина коалиција.
Заев и Ахмети се придружувани од генералните секретари на партиите, Љупчо Николовски и Артан Груби.