Еве колку изнесува штетата во Бејрут, милијарди се во прашање
Либанските обвинители ќе почнат со сослушување на министрите и поранешните министри за тоните нитрати амониум што ја предизвикаа смртоносната експлозија на 4 август.
Штетата предизвикана од катастрофалната експлозија на пристаништето во Бејрут е над 15 милијарди долари. Тоа го соопшти либанскиот претседател Мишел Аун.
– Прелиминарните проценки за материјалната штета по експлозијата во пристаништето се над 15 милијарди американски долари – изјави претседателот вчера во телефонскиот разговор со шпанскиот крал Фелипе Шести.
Либанските обвинители ќе почнат со сослушување на министрите и поранешните министри за тоните нитрати амониум што ја предизвикаа смртоносната експлозија на 4 август.
Таа трагедија, покрај економската криза засилена од епидемијата на Ковид-19, предизвика силен гнев против либанската влада и доведе до оставка на владата.