Откриени детали поради кои се распаднал првиот брак на Меган Маркл

Оваа биографија нуди детална верзија до настаните што доведоа до отстапување на принцот Хари и Меган Маркл од кралската должност, а авторите истакнуваат дека за секој детал имале најмлку два проверени извори.

2,362

Првиот брак на Меган Маркл не успеал затоа што на нејзиниот сопруг, продуцентот Тревор Енгелсон, не му се допаднала славата и популарноста кои Меган ги добила по серијата „Suits“, открива најновата биографија за членовите на кралското семејство – „Finding Freedom“.

Авторите на биографијата, новинарите Омид Скоби и Каролин Дуранд, тврдат дека поранешниот сопруг на Меган сакал таа да зависи од него.






Оваа биографија нуди детална верзија до настаните што доведоа до отстапување на принцот Хари и Меган Маркл од кралската должност, а авторите истакнуваат дека за секој детал имале најмлку два проверени извори.

Според книгата, Меган по седум години врска и речиси две години брак се разделила од сопругот затоа што тој не можел да поднесе таа да има моќ и слава.

– Додека уште беа во врска, Меган се пожалила на пријателите дека смета како на Тревор му пречи нејзината актерска кариера. Чувствувала дека му се допаѓа тоа таа да зависи од него. Тревор се навикнал тој да биде „хранител“ и постојано да и помага во навикнувањето на филмската индустрија. Кога тоа се променило, настанале и проблемите – раскажува изворот.

Нивниот брак официјално престана во 2014 година, поради непомирливи разлик, што беше наведено како причина во официјалните документи за развод.

Поврзани содржини