Технолошкиот тајкун Џон Мекафи е уапсен во Норвешка затоа што одбил да стави вистинска, медицинска заштитна маска преку гаќите од тантела кои му служеле како маска.
Мекафи, кој направи милиони со својот софтвер „МекАфи“, се пожали на Твитер за третманот на кој бил подложен во Норвешка.
– Јас тврдам дека тоа е најбезбедна заштита и јас одбивам да носам што било друго – заради моето здравје – рекол 74-годишниот Мекафи.
Веднаш по апсењето, се огласила неговата сопруга Џенис зборуваше и им порачала на неговите следбеници на Твитер дека таа „ќе ја води неговиот налог а сè додека не побегне (вообичаен метод), да поткупи некого (многу брзо – би можел да излезе за неколку часа), да најде соодветен адвокат (тој би можело да потрае неколку дена) или да стане управител на затворот, во тој случај ќе мора да го избркаме“.
Тогаш таа го поддржала својот сопруг и неговиот избор на заштита.
„Неговата танга-маска не рециклира јаглерод диоксид како обичните маски. Маските ги запираат бактериите. Не вирусите, луѓе“, навела Џенис и објаснила дека и таа исто така одбила да стави маска врз својата „танга-маска“, но дека норвешките власти само ја привеле, а не ја уапсиле.
ФОТО: Твитер