Новата собраниска сала, идиотска комбинација меѓу вселенски брод, етно село, фараонска гробница и пиратски брод?!
Изгледот на новата собраниска сала, под куполите на зградата на Собранието, во која се одржа конститутивната седница на новиот парламентарен состав, предизвика остри коментари во јавноста и на социјалните мрежи.
Александар Диневски на Фексбук пишува: „Се молат пратениците во Собранието да се вратат во старата сала за работа. Оваа грдосија од сала не е ниту за гледање ниту за работа. Само болен и криминален ум можел да смисли таков кич: идиотска комбинација меѓу вселенски брод, етно село, фараонска гробница и пиратски брод!“.
Борче Стаменов коментира: „Новата собраниска сала отворена вчера со цел свој луксуз. Договорена на 12 милиони евра, завршена со 21 милион. Преовладува златната боја, знајш ноа ‘богата држава’. Да имав психијатар при рака, можеше да а анализираме со саати, посебно ако ги погледнеш и другите слики. Не велам дека е грдо, само ме нервира шо се расфрлат со луксуз кој 90 отсто од граѓаните не можат ни на сон да си го дозволат. И сето тоа за лечење туѓи комплекси…“
Владимир Милчин кусо коментира: „Забеганост без граници“.
Издвојуваме уште неколку ФБ коментари:
„После присуство на седници во оваа сала од неколку месеци, комплет парламентарци на детален преглед кај д-р Мето Чепреганов и правење детален список за распоред во Демир Хисар и Бардовци“.
„Баш е прикладна за новава ненормалност“.
„Поголем кич здравје, дури морбидно“.
„Ко масонска ложа“.
„А што очекувавте од Вангел Божиновски“.
„Што убава сала ви направил Груевски кучето, ќутите и уживате у погледот, ах бе сдсмовци“.