Филм во време на корона, прва клапа на „Преекспонирано“ 

Станува збор за психолошка драма која е долгометражно деби на режисерката Елеонора Венинова, која го напиша и сценариото. Продуцентот, Гоце Кралевски од „ДНФ филмс“ споделува дека неодамна, „Преекспонирано“ ја доби поддршката од Европскиот фонд за поддршка на кинематографијата „Еуроимаж“ и додава:

1,643

Проблематична тинејџерка ги истражува темите на осаменост, отуѓеност и лицемерие, нарушувајќи ја рамнотежата на една брачна двојка откако ќе дојде кај нив на гости. Ова е сижето за новиот македонски игран филм кој ќе почне да се снима кон крајот на оваа недела, на локации во Скопје и во Охрид.

Станува збор за психолошка драма која е долгометражно деби на режисерката Елеонора Венинова, која го напиша и сценариото. Продуцентот, Гоце Кралевски од „ДНФ филмс“ споделува дека неодамна, „Преекспонирано“ ја доби поддршката од Европскиот фонд за поддршка на кинематографијата „Еуроимаж“ и додава:






– Драго ми е дека успеваме, и во овој период на затишје за македонскиот филм поради пандемијава, да ги направиме финалните подготовки.. Имаме одлична екипа, која не само е професионална туку и строго се придружува на протоколите за заштита и верувам дека ќе се движиме според нашиот план.  Локациите се веќе одбрани, а филмот, освен препознатливите пејзажи крај Охридскот езеро, ќе го содржи и урбаниот дел на градот – ова е современа приказна – вели Кралевски.

Филмската екипа ја сочинуваат актерите Сара Климоска, Благоја Веселинов, Камка Тоциновски, кинематографер е Лев Предан Коварски од Република Словенија, сценограф е Срѓан Митровиќ – Џиџи, Костимограф е Жаклина Крствка а маска Горан Игњатовски.

„Преекспонирано“ е копродукциски проект кој, освен од Агенцијата за филм, доби поддршка и од Филмскиот центар на Србија и СЕЕ Синема Нетворк, а поддршката од „Еуроимаж“ е во делот на развој на копродукции. Изминатиов период филмот учествуваше на повеќе работилници за развој, меѓу кои се и програмата „Директорс фортнајт“ во Кан, Сараево филм фестивал, „Синемед“ во Монпелје и многу други.

„Преекспонирано“ е во продукција на „ДНФ филмс“. Режисерката Венинова зад себе има три краткометражни филмови „Знакот“, „Влакна“ и „Борба за смрт“, како и повеќе серии.  „ДНФ филмс“ пак, ја потпишува продукцијата и на краткометражните „Борба за смрт“, „Последните камбани“ и „Бале“.

 

Поврзани содржини