Маж повредил со нож четворица, меѓу кои и тинејџер, во центарот на Братислава

174

Четири лица се повредени во напад со нож што се случил утрово во Братислава, соопшти денеска портпаролот на службата за вонредни ситуации, Алена Крчова.

Меѓу повредените е и еден тинејџер, а како што соопшти полицијата, напаѓачот е уапсен.






Жртвите се пренесени во болница во Братислава и никој не е во сериозна состојба, додаде Крчова.

Универзитетската болница соопшти дека примила три лица со сериозни повреди и дека веднаш биле оперирани, но никој не бил во опасност по живот.

Тинејџерот бил пренесен во детска болница.

Поврзани содржини
na