Македонија веќе пет месеци живее со ковид-19

Бројот на новодијагностицирани во 24 часа двапати надмина 200 – на 10 јули беше 205 и на 18 јули – 241. На 2 јули починаа 15 пациенти – најголем број во едно деноноќие.

217

По точно пет месеци откога во земјава беше регистриран првиот случај на ковид-19 – на 26 февруари кај жена која допатува од Италија, опасниот вирус досега е потврден кај 9.934 луѓе. Од нив, излекувани се 5.357, активно болни се 4.117, а починаа 460 пациенти.

Во овој месец беа негативните рекорди на заразени и починати од почетокот на епидемијата. Бројот на новодијагностицирани во 24 часа двапати надмина 200 – на 10 јули беше 205 и на 18 јули – 241. На 2 јули починаа 15 пациенти – најголем број во едно деноноќие.






Позитивни на коронавирусот се вкупно 9.934 заклучно со вчера, а 94.092 тестирања се направени досега. Во вкупниот биланс се и најновите 137 случаи од 1.542 тестирања. Шеесет од нив се во Скопје,16 во Штип, 13 во Куманово,11 во Гостивар, седум во Тетово, по пет во Кичево, Дебар и Битола, три во Прилеп, Велес и Свети Николе и по еден нов случај во Струга, Охрид, Кочани, Пробиштип, Демир Хисар и Виница.

Во 460-те починати се и деветтемина пациенти за кои беше соопштено вчера (по поминати 24 часа) – тројца од Скопје, по двајца од Куманово и од Гостивар и по еден пациент од Штип и Струга.

Институтот за јавно здравје вчера регистрираше и 103 оздравени пациенти: 53 во Скопје, 11 во Струмица, девет во Ресен, седум од Тетово, шест од Прилеп, пет од Велес, тројца оздравени од Кичево и Дебар, двајца од Битола и по еден од Штип, Кавадарци, Струмица и Крушево. Со нив, вкупниот број излекувани е 5.357.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на Фејсбук објави дека и покрај благиот раст на активни случаи, процентот на хоспитализирани лица заболени од ковид-19 во изминатите две недели е намален за речиси два процентни поена.

– Во изминативе две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со ковид-19, процентот на хоспитализирани бележи пад од речиси два процента, односно од 11,5 отсто на 15 јули – на 9,7 отсто на 23 јули, наведе Филипче.

Посочи дека во континуитет, лицата кои се примени во болница од вкупниот број активни случаи не надминува 12 проценти.

Во светот до вчера заразени со ковид-19 се 15.736.499 луѓе, според евиденцијата на Универзитетот „Џонс Хопкинс“. Бројот на оздравени надмина девет милиони (9.043.203), а жртви на пандемијата, според статистиката на Универзитетот, се 639.652 луѓе.

Поврзани содржини