Министерот за економија Крешник Бектеши преку Фејсбук информира дека е позитивен на ковид-19, но и дека се чувствува добро. Тој тестот го направил утрово, и информира дека неговото семејство исто така се тестирало и дека се негативни.
– Сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот, добив информација дека сум позитивен на ковид-19 тестот направен утрово. За среќа, немам никакви симптоми и се чувствувам добро, а членовите на моето семејството по денешното тестирање се негативни на тестот за ковид-19.
Ве повикувам сите да се придржувате кон протоколите и мерките за заштита, ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства! Заедно со вашата поддршка, ќе го надминеме овој предизвик!
Здравје и среќа за сите, напиша Бектеши.
Бектеши е првиот функционер од ДУИ кој по изборната кампања информира дека е позитивен на ковид-19.