Очекувајте нов износ за поврат на ДДВ: За домашни производи ќе се пресметува 20, а за странски 10 отсто

Вакви пресметки на повратот на ДДВ ќе почнува на 12 јуни, а завршува до крајот на годината.

1,236

Уравата за јавни приходи (УЈП) информира дека  пресметката на повратот на ДДВ, согласно последните измени на Уредбата за промена на законот за враќање на ДДВ oд 12 јуни до крајот на годината ќе се врши одделно за македонски и за други производи. За македонски добра и услуги ќе се пресметува поврат на ДДВ во износ од   20% и останати добра и услуги од 10%, наместо досегашните 15% поврат на ДДВ.

Тоа значи дека граѓаните кои скенираат фискални сметки за купените македонски добра и услуги ќе добијат поврат во висина од 20%, а за останатите добра и услуги во висина од 10% од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка.






Од УЈП велат дека поради оваа повторна пресметка износот на повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесчје може да претрпи промена.

Издвојувањето на македонски и други производи, според ЈУП, ќе се врши не подоцна од 31.12.2020 година.

Од УЈП, информираат дека веќе е прилагодена и апликацијата Мој ДДВ.

Новите пресметки на висината на повратот на ДДВ е регулирано со Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица за време на вонредна состојба .

 

Поврзани содржини