„Кока-Кола“ забележа пад од 33 отсто на добивката

Нето заработката на „Кока-кола“ во второто фискално тримесечје изнесуваше 1,78 милијарди долари или 41 цент по акција, што е пад во однос на 2,61 милијарди долари или 61 цент по акција во истиот период во 2019 година.

273

Компанијата „Кока-кола“ денеска соопшти дека во вториот квартл има пад на добивката за 33 отсто по акција на годишно ниво, но оти е регистрирано подобрување на побарувачката по ублажувањето на рестриктивните мерки во светот воведени поради пандемијата со ковид-19.

Нето заработката на „Кока-кола“ во второто фискално тримесечје изнесуваше 1,78 милијарди долари или 41 цент по акција, што е пад во однос на 2,61 милијарди долари или 61 цент по акција во истиот период во 2019 година.






Во вториот квартал нето продажбата на „Кока-кола“ е намалена за 28 проценти на 7,2 милијарди долари.

Поврзани содржини