Радовишанец загина во сообраќајка на магистралниот пат Штип-Кочани

Повреден е возачот и на второто возило кое учествувало во несреќата.

1,267

Во сообраќајна несреќа која  синоќа се случи на магистралниот пат Штип-Кочани, во близина на крстосница за с.Кучичино загина  еден од возачите, соопшти МВР.

Како што е соопштено несреќата се случила помеѓу автомобил  „фолксваген поло“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.З.(71) од Радовиш и патничко возило „форд фокус“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(29) од Штип.  Од ударот на самото место починал С.З. , а неговата  смрт ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.






Возачот од другото возило е повреден и е пренесен во Здравствената установа Кочани.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Кочани.

Поврзани содржини