СДСМ: Водиме со 3 пратеници во однос на ВМРО-ДПМНЕ

Оттаму велат дека победата е повеќе од извесна.

1,862

СДСМ води со 3 пратеници по скоро 34 отсто обработени гласови, истакнаа од партијата на Зоран Заев, за Плусинфо.

Оттаму велат дека победата е повеќе од извесна.






– Според нашите досегашни информации, односно по 33,8 отсто обработени гласови, нашата партија води со три пратеници во однос на ВМРО-ДПМНЕ – велат од СДСМ.

Претходно, пак, Државната изборна комисија (ДИК) на својот сајт ги објави првичните резултати, но брзо беа повлечени. Таму беше наведено дека 34,88 отсто од граѓаните гласале за СДСМ, а 34,08 отсто гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини