Во Белград и вечерва се собираат граѓани на протест
И во паркот Пионир се собираат луѓе, а во последните неколку минути стигнала и поддршка за новинарите, односно демонстранти со транспарент „не тепајте новинари“
Неколку минути пред 19 часот пред српското Собрание и вечерва почнаа да се собираат демонстранти за да го искажат својот револт против српските власти.
Српските медиуми јавуваат дека во готовност се неколку стотици полицајци, со опрема и во цивил, како и припадници на жандармеријата.
И во паркот Пионир се собираат луѓе, а во последните неколку минути стигнала и поддршка за новинарите, односно демонстранти со транспарент „не тепајте новинари“