За гласање пријавени 697 позитивни и 9020 немоќни и хронично болни
До 11 јули трае пријавувањето за гласање на лицата во домашен притвор.
До полноќ кога истече рокот, за гласање на парламентарните избори, во ДИК се пријавиле вкупно 697 болни од ковид-19 и лица во самоизолација.
За гласање се пријавиле и 9020 немоќни лица и хронично болни.
Лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на ковид-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат, ќе гласаат на 13 јули во нивните домови.
Лицата чии резултати ќе бидат позитивни по 8 јули или ќе бидат ставени во самоизолација по овој датум, нема да може да се пријават за гласање.
Немоќните и хронично болните ќе гласаат на 14 јули.
До 11 јули трае пријавувањето за гласање на лицата во домашен притвор.
На изборниот ден, на 15 јули, избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 21 часот, два часа подолго од вообичаеното на претходните избори кога гласачките места се затвораа во 19 часот.