Тетовци се жалат на чадот и непријатната миризба од пожарот во депонијата Русино
Чадот и смрдеата ја забележав дури и долж рекреативната патека покрај реката Пена кон патот за Бањиче, утринава од 7 до 8 часот. Веќе го препознаваме во Тетово мирисот на запален смет и затоа можам да кажам дека е од тоа - вели корисничка на социјалните мрежи, која сподели и фотографии на кои се забележува чадот.
Силна непријатна миризба на запален смет и чад цела ноќ ги вознемируваше жителите на Тетово за што алармираа и преку социјалните мрежи, а ваква појава периодично се случуваше и во изминатите десетина дена. Со оглед дека во СВР Тетово е пријавено пожар во гостиварската депонија Русино, голема е веројатноста чадот од таму да е причина за непријатната миризба која се чувстуваше во Тетово.
– Чадот и смрдеата ја забележав дури и долж рекреативната патека покрај реката Пена кон патот за Бањиче, утринава од 7 до 8 часот. Веќе го препознаваме во Тетово мирисот на запален смет и затоа можам да кажам дека е од тоа – вели корисничка на социјалните мрежи, која сподели и фотографии на кои се забележува чадот.
Од тетовската територијална противпожарна единица соопштија дека во изминатата ноќ немало пријавено пожар на складиран смет, ниту пак гаснење на таков пожар.
– Во текот на вчерашниот ден сме интервенирале на пет места на пожари на отворено на намерно запалена сува трева и стрништа во Теново, Сиричино и над Горно Теќе. Пожар на смет немаме ноќеска, иако во изминатите неколку дена се интевенираше на запален градежен шут кај железничката станица, а има и несовесни граѓани кои во потрага по железа на места каде има поголеми количини го палат сметот – вели Ука Алити командант на противпожарната единица.
Со оглед дека регионалната депонија Русино покрај Гостивар цела ноќ гори и чади и Алити вели дека е можно чадот да доаѓа и од таму.
– Може да се случува и таква работа, чадот поради ветер да стига и до Тетово – објаснува Алити.
Во СВР Тетово пожарот во депонијата Русино е пријавен вчеравечер во 22 часот и 45 минути
Пожарот според кажувањето на вработениот во обезбедувањето на депонијата, на три места избувнал околу 13 часот. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, соопшти Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Од СВР Тетово постојано апелираат и предупредуваат дека во летните периоди има потреба од поголема внимателност поради потенцијалните опасности за избувнување пожари и во Полошкиот регион.