Кинеска компанија доби 66 милиони евра за развој на вакцина за ковид-19

ЦЕПИ, исто така, инвестираше големи суми пари во други фармацевтски компании кои работат на вакцина  на ковид-19, вклучувајќи ги и Иновио Фармасјутикалс, Модерна Инк и Новавакс Инк. 

197

Кинеската компанија Кловер Биофармацјутикалс Инк доби 66 милиони долари од Коалицијата за иновативна подготвеност на епидемии (ЦЕПИ), која е составена и финансирана од влади и филантропски здруженија, за да го охрабри откривањето на вакцина за ковид-19.

Во април, ЦЕПИ и даде на таа кинеска компанија почетни 3,5 милиони американски долари, по најавеното партнерство меѓу двете страни.






ЦЕПИ е основана во Осло во 2017 година како одговор на новите епидемии. Организацијата е поддржана од 14 влади и разни фондации, како што се Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс или британскиот Велком траст.

ЦЕПИ, исто така, инвестираше големи суми пари во други фармацевтски компании кои работат на вакцина  на ковид-19, вклучувајќи ги и Иновио Фармасјутикалс, Модерна Инк и Новавакс Инк.

Поврзани содржини