Хелсиншки комитет: За време на коронакризата се отпуштаа работници, им се кратеа или не ги добиваа платите

Во 23 случаи регистриравме непочитување на владините мерки од страна на работодавачите и тоа во однос на (не)организирање на работниот процес на начин да се обезбеди потребното растојание, постојана дезинфекција на работните места и заштитна опрема за 1022 работници.

228

За време на коронакризата, од 10 март до 30 јуни регистриравме 197 случаи на повреди на правата од работен однос, кои се однесуваа на 2.723 работници. Повеќе од 60 отсто од пријавите се однесуваа на работничките со што кризата неизбежно доби и родова димензија. Ова се констатира во  извештајот на Хелсиншкиот комитет  кој се однесува на повреда на работничките права за време на коронакризата во земјава.

Според Комитетот, најкритични за повреда на правата на работниците биоле  првите шест недели по прогласувањето на вонредната состојба. Тогаш се  пријавени 145 од вкупниот број регистрирани случаи.






– Работодавачите веднаш започнаа со масовни отпуштања на работниците, односно откажувања на нивните договори за вработување. Само во месец март, регистриравме 17 вакви случаи кои опфатија 375 работници. Онаму каде што можеа, работодавачите влијаеа работниците принудно, но „спогодбено“ да го прекинат својот работен однос, па така во март и првата половина на април регистриравме 30 пријави за 317 работници – велат од Хелсиншкиот комитет.

Трендот на пријави за отпуштања, според Комитетот,  почнал да се намалува во текот на наредните месеци.

– Од април до крајот на извештајниот период, кај нас беа регистрирани 85 отпуштања и 5 работници кои потпишале спогодба за престанок на работниот однос. Една од најранливите категории работници беа оние со заснован работен однос на определено време на кои, поради специфичната зависна положба во која се наоѓаат, не им беа продолжувани договорите за вработување – велат од Комитетот.

Во овој период, спорд правните експерти од Комитетот, работодавачите  не отпуштале работници, но затоа пак им ги намалуваат или воопшто да не им ги исплаќаат платите на работниците.

– Овој период, најчестите регистрирани пријави се однесуваа токму на овие прекршувања – на дури 810 работници им беа намалени или воопшто не им беа исплатени платите – велат од Хелсиншки.

Регистрирани се 23 случаи нанепочитување на владините мерки од страна на работодавачите и тоа во однос на (не)организирање на работниот процес на начин да се обезбеди потребното растојание, постојана дезинфекција на работните места и заштитна опрема за 1.022 работници.

Според експертите од Конитетот, една од  најпогодените гранки беше преработувачката – текстилната и кожарската индустрија, каде што беа регистрирани најголем дел од повредите на работничките права.

– Имајќи предвид дека кај нас жените се доминантно застапени во работната сила во текстилната индустрија, овие повреди на работничките права истовремено претставуваат и повреда на правата на жените, што дополнително го потврдува мултидимензионалниот и интерсекциски карактер на овој проблем. Жените се структурно опресирани со самото тоа што преовладуваат како работна сила во индустријата што е убедливо најслабо платена. Дополнително, при криза од овие размери тие се први на удар, затоа што системот кој е создаден да дозволува и/или да ги става во ваква потчинета и угнетена положба, воопшто не поседува механизми да ги заштити – велат од Комитетот.

Поврзани содржини