Србија воведе задолжителна самоизолација од 14 дена за граѓаните на Црна Гора

Црногорските државјани се должни да ја пријават адресата на која ќе престојуваат во следните две недели по влегувањето во Србија.

482

Врз основа на проценката на актуелната епидемиолошка состојба во регионот Владата на Србија денеска донесе одлука сите црногорски граѓани кои влегуваат во Србија да минат низ период на задолжителна самоизолација од 14 дена.

Црногорските државјани се должни да ја пријават адресата на која ќе престојуваат во следните две недели по влегувањето во Србија, за надлежните органи да можат да го контролираат почитувањето на изречената мерка, се наведува во соопштението на српската Влада.






И натаму со најголемо внимание ќе се следи развојот на епидемиолошката состојба предизвикана од коронавирусот, во земјата и во регионот. „Уште еднаш апелираме до сите граѓани да се придржуваат кон мерките и да бидат одговорни пред себе и другите“, апелираше српската Влада.

 

Поврзани содржини