Коалицијата „Можеме“ денеска во Гостивар и Делчево, „Обнова на Македонија“ во Велес, Лозово и Свети Николе
Кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец, Насер Зибери ќе одржи прес-конференција на плоштадот Скендербег во Скопје.
Партиските лидери заедно со носителите на листите во Изборните единици и денеска ја продолжуваат кампањата за предвремените парламентарни избори.
Караванот на коалицијата „Можеме“ ќе ги посети општините Гостивар и Делчево.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе даде изјава за медиумите во Куманово, пред Младински културен центар.
– Носителката на листа на ИЕ 3 Јагода Шахпаска ќе даде изјава за медиуми пред Трговски центар Кочани.
Коалицијата „Обнова на Македонија“ денеска ќе има средби во општините Лозово, Свети Николе, и Велес на кои ќе присуствува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На средбите со граѓаните од овие општини ќе говори и носителот на листата во ИЕ 3, Игор Јанушев,
– Носителката на листата во ИЕ1 Гордана Силјановска Давкова, ќе присуствува на промоцијата на книгата „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“ пред платото на МАНУ. како и на трибина „Квалитетно и модерно образование за иднината на Македонија“, каде што покрај неа ќе говорат Весна Јаневска, Велика Стојкова Серафимовска, Бети Стаменкоска Трајкова, Весна Марковска.
– Носителот на ИЕ 2, Владо Мисајловски, во посета на Манастирот Св. Никола во село Љубанци.
– Носителот на ИЕ 4, Александар Николоски, денеска ќе биде во Струмица, селата Банско и Куклиш, и ќе говори на трибина „Младинска политика и меѓународни интеграции и перспективи“ .
– Носителот на ИЕ 6, Дафина Стојаноска, ќе ја посети Шарената Џамија во Тетово и ќе има средба со бранители во Музејот на Тетово.
Кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец, Насер Зибери ќе одржи прес-конференција на плоштадот Скендербег во Скопје. на која ќе го претстави начинот на функционирање на новата Влада.
Во Скопје,Граѓанско Демократската Унија ќе има прес конференција на која ќе се обрати носителот на листа на ГДУ во ИЕ 2, Енсер Јусуфоски.