Филипче: Можни нови мерки на границите, чекаме информации од јужна Србија и Косово

1,024

Можно е да препорачаме воведување некои нови мерки на границите, ако ризикот од влез на граѓаните од околните земји може да го загрози нашиот здравствен систем. За границите се дискутираше  интензивно викендов и утрово на Комисија за заразни болести, но разговараме и со епидемиолози во повеќе центри за јавно здравје во јужна Србија од каде очекуваме дополнителни информации за состојбата со заболените од ковид-19 – о одговори министерот за здравство, Венко Филипче, денеска на прес-конференција во Владата.

Тој информираше дека и денеска и утре ќе се дискутира за мерки на границите, но дека за време на викендот немаше поголема опасност од ширење на вирусот, но денеска не прецизираше кои би биле евентуалните нови заштитни мерки на границите – дали ПЦР тестови или можеби спуштање на рампите на границите.






Од Македонија засега може да се патува во Србија, на Косово и во Албанија.

Поврзани содржини