Партиите и денеска на средби со граѓаните ќе ги претстават своите предизборни програми.
Коалицијата „Обнова на Македонија“ денеска е во струмичко и кумановско.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и носителот на ИЕ 4 од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ќе ги посетат општините Василево Босилово и Ново Село.
Носителката на листата во ИЕ1 од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјаноска Давкова ќе даде изјава пред споменикот на деца бегалци, кај „Холидеј Ин“, а ќе учестува и на трибина на тема „Дигитализација и ИТ можности“ на плоштад Галија, Карпош
Во Куманово денеска е носителот на ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, додека во општините Чешиново-Облешево и Кочани денеска че биде носител на ИЕ 3 од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Генералниот секретар на СДСМ, и носител на листа на колаицијата „Можеме“ во ИЕ 3 Љупчо Николовски ќе одржи прес-конференција во Скопје
Носителката на листа за ИЕ 3 од коалицијата „Можеме“ Јагода Шаховска ќе даде изјава за медиуми во Пехчево
Кандидатот за прв премиер Албанец Насер Зибери ќе одржи прес-конференција пред зградата на Владата.