Мисајловски: Во Чаир повеќе нема да има граѓани од втор ред ВИДЕО

344

Носителот на листата од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2 Владо Мисајловски денеска од Чаир порача дека таму повеќе нема да има граѓани од втор ред, и вети инфраструктурни објекти и поголеми капитални инвестиции.

– Ветуваме инфраструктурни објекти, ветуваме поголеми капитални инвестиции. Позади мене се наоѓа Поликлиниката Чаир, СДСМ ветуваше дека ќе ја реновира комплетно, но може да видиме дека едно камче не е мрднато. Ние можеби ветуваме илјадници проекти, но сите тие се издржани, сите тие ќе бидат исполнети, затоа што ние стоиме позади секој еден проект. Можеби не ветуваме се и сешто, но она што ќе го ветиме, ќе го исполниме. Тука доста граѓани се чувствуваат како граѓани од втор ред, бидејќи институциите не работат за нив, бидејќи локалната и централната сосема ги заборави – нагласи Мисјаловски.






Ние, вели тој, се обврзуваме со ветување до сите пензионери дека ќе ги зголемиме пензиите за преку 20 проценти, бидејќи тие, како што посочи, заслужуваат и се столб на општеството.

– Тие тука во Чаир живеат и живееле со години, сакаат да останат тука, затоа треба да им го подобриме стандардот, но не само на пензионерите, туку и на сите останати. Затоа ветуваме поголеми плати, како и подобар живот – истакна Мисајловски.

Тој од чаирчани побара поддршка за, како што рече, да направат обнова во културата, да ја обноват инфраструктурата, како и традицијата и достоинството на семејните вредности.

– Чаир е место кое заслужува да му се даде посебен акцент, Чаир не смее да се заборави и овие луѓе тука кои се останати да живеат, сакаат само една подобра перспективност, подобар стандард и нивните деца да продолжат да живеат тука. За да младите останат тука, потребна е обнова на Македонија, затоа ги повикувам сите граѓани да излезат и да ни ја дадат поддршката, а после 16-ти јули да работиме напорно секој ден, за секој еден граѓанин, заклучи Мисјаловски.

Поврзани содржини