Мотив плус веднаш после победата на изборите на 15 јули да работиме за брза реализација на нашето клучно ветување за следните четири години, автопатско поврзување на Велес, Градско, Прилеп, Битола до грчка граница, истакна денеска од Прилеп, носителот на листа во ИЕ 4 од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Николовски од Прилеп го повика лидерот на СДСМ Зоран Заев да излезе во јавност и да каже дали е во состојба да го докаже потеклото на сопствениот капитал и капиталот на неговото семејство кое „во изминатите 18 години колку што тој е вкупно на функција стана најбогато семејство во Македонија“.

– Значи, јавно го повикувам да ја направи таа работа да излезе да каже дали може да го докаже потеклото на капиталот. И последна работа, поврзана со медиумите, во изминатата недела имавме две покани од две национални телевизии за соочување за дуел на кои требаше да споредиме што имаме да понудиме во Четвртата изборна единица, но Заев два пати избега, го повикувам на кој сака медиум , во кое и да сака време да излеземе да ги споредиме нашата програма, онаа на СДСМ и да видиме дали граѓаните ќе дадат доверба за промени. Јас сум убеден дека промените ќе се случат на 15-ти јули со една масовна излезност – нагласи Николоски.

Тој побара одговор, зошто е запрена изградбата на експресниот пат кој што се градеше од Градско до Прилеп.

ВМРО-ДПМНЕ, рече Николоски, нема да дозволи увоз додека не се откупи домашниот тутун.

– Ќе повторам на првата седница на влада изгласување на закон со кој што ќе се забрани кило тутун да се увезе во Македонија пред целосно да се откупи домашниот тутун. Во исто време, пред недела дена споменав, но еве недела дена помина и немам никаков одговор да го поставам повторно прашањето директорот на тутунскиот комбинат поставен од владата, тутунскиот комбинат целосно во сопственост на државата зема нето 3.5000 евра плата, бруто 5.500 евра плата. Како е тоа возможно во услови кога земјоделците и тутунарите едвај врзуваат крај со крај –  рече Николоски, додавајќи дека тоа е нешто за што мора да има одговорност.