Царовска: Градинките ќе бидат отворени кога ќе дозволи Комисијата за заразни болести
Таа потсети дека сите вработени кои имаат деца до десет години се ослободени од работа и таа мерка сѐ уште е во сила и ги повика компаниите, да ја почитуваат препоораката.
Владата ќе дозволи градинките и дневните центри да бидат отворени кога тоа ќе го дозволи Комисијата за заразни болестии, изјави денеска вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска..
– Во име на здравствената заштита на сите наши граѓани, децата, возрасните и најстарите кои се најзагрозена категорија, очекуваме мислење од страна на Комисијата. Во моментот кога Комисијата ќе даде пас, тогаш ќе бидат отворени и дневните центри и градинките – рече Царовска.
Таа потсети дека сите вработени кои имаат деца до десет години се ослободени од работа и таа мерка сѐ уште е во сила и ги повика компаниите, да ја почитуваат препоораката зашто е во интерес на здравствената заштита на сите граѓани, како и на работниците во компаниите кои треба да останат продуктивни и да се вратат на работните места.