Том Хенкс: Срам да им е на сите што не носат маска!

430

Актерот Том Хенкс (63) беше првата голема ѕвезда која откри дека е позитивeн на коронавирус, а за време на виртуелната прес-конференција каде зборуваше за неговиот нов филм, воената драма Greyhound, тој имаше неколку збора за оние кои одбиваат да носат маска или не практикуваат социјална дистанца.

„Можеме да направиме само три работи за да дочекаме утре: да носиме маска, социјално да се дистанцираме и да ги миеме рацете. Тие работи се толку едноставни и лесни, и срам да им е на сите што не го прават тоа“, рече Хенкс и истакна дека само здравиот разум може да ги спаси луѓето за време на пандемијата.

Поврзани содржини