Мисајловски вети проекти за обнова на Куманово

155

Носителот на листата од ИЕ 2 од ВМРО – ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска пред жителите на кумановската населба „Иго Тричковиќ“ вети проекти за обнова на Куманово како најголема општина во државата.

Тој нагласи дека граѓаните во Куманово заслужуваат проекти и оти дека владее позитивна енергија која ќе значи убав резултат за обнова на Македонија.






– Во Куманово фалат многу проекти долго време локалната власт е во рацете на СДСМ. Слушам сега, во последно време, со нивна демагогија дека повторно нешто ќе направат и повторно со нивните виртуелни проекти, рече меѓу другото Мисајловски. Кандидатите за пратеници од изборната листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ се чесни луѓе кои ќе сторат се за да помогнат за развој на градот – вети Мисајловски.

Тој подвлече дека доаѓа обновата која носи достоинство, развој на туризмот, науката, културата, инфраструктурата, здравството … и ги повика граѓаните масовно да им ја дадат поддршката на 15 јули.

Пред присутните во приградската населба говореа и кандидатите за пратеници од изборната единица 2 кои ја побараа поддршката од граѓаните.

Поврзани содржини